Првпат по 70 години во САД ќе биде егзекутирана жена, обвинета е за свирепо убиство
Во САД, првпат по 70 години, ќе биде егзекутирана жена, која е осудена на смрт на сојузно ниво, соопшти американското Министерство за правда.
Пресудата ќе биде извршена на 8 декември. Осудената Лиза Монтомери е прогласена за виновна поради свирепото убиство на бремена жена во 2004 година. Егзекуцијата ќе биде извршена со смртоносна инјекција во американската сојузна држава Индијана.
Егзекутиран ќе биде и Брендон Бернард, кој во 1999 година, заедно со соучесници, уби двајца политичара.
17.10.2020 - 11:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа