Пукна брана во Кина, евакуирани жители по поплавите

 

Кинеските власти од утринава ги санираат последиците од поплавите по пукање на брана во централна Кина, каде што беа евакуирани речиси 6.000 жители, јавија државните медиуми.

Нема информации за жртви.

Браната беше пробиена вчера попладне кај езерото Донгтинг во централната провинција Хунан, јави новинската агенција Синхуа.

Водата од езерото поплави земјоделски површини и куќи во блиското село.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика да се направи се за да се спасат животите и имотот на луѓето.

Министерството за вонредни ситуации испрати повеќе од 800 луѓе, 150 возила и десетици чамци да помогнат во спасувачката операција.

06.07.2024 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа