Путин: Ова е војна против Москва во која НАТО користи украински војници
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не знае кога Русија ќе ја победи Украина во војната, но дека руските сили се подготвени да продолжат да се борат дотогаш.
Говорејќи на прес-конференција во Москва, Путин истакна дека руските сили стануваат сè потехнолошки напредни во конфликтот, што според него всушност е војна на НАТО против Москва во која Северноатлантската алијанса користи украински војници.
Тој додаде дека Русија нема да дозволи Украина да се здобие со нуклеарно оружје и предупреди дека споменувањето на таа можност е „многу опасна провокација“.
„Русија нема да го дозволи тоа, по секоја цена“, им рече Путин на новинарите.
Според него, Украина треба да се откаже од забраната за преговори со Русија, коментирајќи ги можните руско-украински преговори во Саудиска Арабија. Русија е подготвена за дијалог со Украина, но врз основа на претходни договори, рече Путин.
Москва мора да обезбеди услови за траен мир во Украина што ќе ги штити долгорочните безбедносни интереси на Русија, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа