Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот.

Путин на состанокот со волонтерите од акцијата „Ние сме заедно“ истакна дека граѓаните на Русија со право се горди на своите научници кои создадоа вакцини.

„Навистина имаме со што да се гордееме, имајќи предвид дека нашите вакцини се најбезбедни и најефикасни во светот“, рече тој.

Шефот на руската држава додаде дека досега два милиони граѓани на Русија примиле по две дози од вакцината, а други два милиони примиле по само една доза.

Путин истакна дека вакцинацијата е главниот начин за борба против пандемијата и дека производството на вакцините ќе биде сè поинтензивно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега