Путин: Украинците ни се браќа, ама војната ќе продолжи и во 2023 година

 

Рускиот претседател Владимир Путин, не престанува да дава шокантни изјави за јавноста. Денеска изјави дека тој и покрај конфликтите што ги имаат со Украина, народот во таа земја ги сметал за браќа. Исто така додаде дека „специјалната воена операција“ ќе продолжела и во 2023 година.

Путин смета дека Русија не треба да се обвинува за војната во Украина, додавајќи дека двете земји ја делат трагедијата. На состанокот со високите воени претставници, тој кажа дека Украинците и натаму ги гледа како братски народ.

 

„Конфликтот е резултат на политиката на трети земји, не на руската политика“, тврди рускиот претседател.

 

Тој го обвини западот дека им го испрал мозокот на постсоветските републики, почнувајќи од Украина.

„Со години, се обидувавме да изградиме добрососедски односи со Украина, нудејќи заеми и евтина енергија, но тоа не функционираше. Русија не треба за ништо да се обвинува. Секогаш сме ги сметале Украинците за братски народ и сè уште го мислам тоа. Она што се случува сега е трагедија, но не е наша вина“, изјави Путин.

Тој порача дека „специјалната воена операција“ ќе продолжи и во 2023.

21.12.2022 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега