Путин: Во 2014 година немавме хиперсонично оружје, сега имаме

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија всушност не користи хиперсонично оружје за време на „специјалната воена“ операција во Украина, но посочи дека тие постојат, како и други современи системи.

Путин за ТВ Русија 1, одговарајќи на прашањето дали „специјалната операција за заштита на населението во Донбас“ требаше да започне веќе во 2014 година, рече дека прашањето се однесува на подготвеноста на Русија за посериозни акции од Крим, пренесува РИА Новости.

Рускиот претседател изјави дека станува збор за обезбедување храна, замена на увозот, зајакнување на финансискиот систем и развој на модерно оружје.

19.03.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега