Работилница: "Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан”

 

Советот на Амбасадори на Северна Македонија во соработка со Советот на амбасадори на Албанија и учество на партнерските организации - Атлантски совет од Босна и Херцеговина, Институт за одржлив демократски развој од Косово и Нов хоризонт од Црна Гора, денеска во Скопје организира работилница под наслов: “Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан”.

Притоа, акцент ќе биде ставен на вештините во дипломатската комуникација, како и комуникацијата меѓу граѓанските организации и граѓанските општества во земјите од регионов за промени во позитивна насока.

Работилницата е дел од регионален проект поддржан со грант од ЕУ/ Фонд за Западен Балкан.

Воведно обраќање ќе има претседателот на Советот на македонски амбасадори, Ѓорѓи Филипов и претседстелот на Советот на албанските амбасадори,  Генци Муцај. Ќе присуствуваат околу 70 претставници на невладини организации од државава, како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. 

23.01.2025 - 09:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега