Работнички со победа над Силекс ја прекина низата од три порази

Фото/ Архива Топспорт, Игор Паневски

Фудбалерите на Работнички го победија Силекс со 1:0 во 13.коло, во домашното првенство. Попладнево Тиквеш и Гостивар, односно Воска и АП Брера одиграа нерешено, а Македонија ЃП победи во Штип, кај Брегалница.

Работнички ја прекина серијата од три порази во првенство со минималната победа над Силекс (1:0). „Романтичарите“ славеа по повеќе од еден месец, кога на 1.октомври, исто така со минимален резултат го победија Тиквеш.

Голот за победа го постигна Деспотовски во 54.минута. Работнички од 69.минита играше со фудбалер помалку (исклучен Стојановски), но успеа да ја одбрани победата.

Резултати, 13.коло:

Брегалница-Македонија ЃП 2:3
Работнички-Силекс 1:0
Тиквеш-Гостивар 2:2
Воска спорт-АП Брера 1:1

Табела:

04.11.2023 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега