Рама: Бугарија ја киднапира цела ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Бугарија ја киднапирала Европската Унија.
Тој рече дека денеска имал опсежни разговори со лидерите на Србија и Северна Македонија за учество на претстојниот самит на ЕУ.
„Денес опширно разговаравме со лидерите на Србија и Северна Македонија за претстојниот самит на ЕУ“, напиша Еди Рама на „Твитер“.
„Изгледа како уште едно ‘Не, извини!’“. Она што на крајот ќе го слушнеме. Целата Унија, киднапирана од Бугарија, не е добар спектакл за гледање. Што да се прави таму?“, праша Рама.
21.06.2022 - 15:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа