Ранковце: Отишол во семејната куќа на сопругата, ја искршил покуќнината и си ги нападнал децата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А. (41) од Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

Пријавениот на 06.06.2024 не почитувајќи ја судската одлука – Решение на Основен суд Крива Паланка, со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од родово базирано и семејно насилство во времетраење од три месеци, отишол во семејната куќа на неговата сопруга која живеела со нејзините деца, по што најпрвин вербално ги нападнал децата, а потоа со тврд предмет искршил делови од покуќнината. 

26.06.2024 - 16:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега