Раст на синдикалната кошница: За да го „поминете“ месецот потребни се над 1.000 евра

 

Едно четиричлено семејство потребни му биле 62.021 за да го помине месец ноември. Минималната синдикална кошница е зголемена за 772 денари во споредба со таа за октомври.

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, доколку семејството изнајмува стан од 60 квадрати, потребни му се 77.396 денари. 

Најголем дел од износот отпаѓа на храна и пијалаци – 22.678 денари. Трошоците за образование изнесуваат 7.036 денари, по што следуваат трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење која изнесува нешто над 6.000 денари.

За облека и обувки, според новата структура на минималната кошничка се одвоени 5.659 денари, а по ова следуваат и трошоците за транспорт од 4.727 денари и 4.458 денари за рекреација и култура.

По ова, следуваат и трошоците за ресторани и хотели – 3.890 денари, комуникации – 3.417 денари, лична хигиена и оддржување хигиена во домот – 1.900 денари, здравје – 1.135 денари и 1.100 денари за останати услуги и стоки.

20.11.2024 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега