Расте бројот: Уште една земја ни ги отвори границите со стари документи

Во моментов само две соседни држави дозволуваат македонските граѓани во нив да влезат со стари документи. Нашиот западен сосед Албанија денеска се однесува како ништо да не се сменило. Се влегува и со стара лична карта и со стара возачка и со стара сообраќајна. Нема потреба ниту да ставате налепници на вашиот автомобил

Слична е ситуацијата и на границата со Косово. И таму се однесуваат како да од денеска нема никакви промени. И во оваа соседна земја влегуваат сите кои ќе дојдат на граничниот премин а ги имаат потребните документи, без разлика дали на нив стои Северна или не.

Во Србија утрово не се влегуваше со стара лична карта но се очекува тоа да се промени.

Во Грција и Бугарија се почитуваат новите правила и таму не се влегува со стара документација.

 

13.02.2024 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега