Ратајковски позираше топлес и го покажа совршеното тело: Славната бринета му се „одмаздува“ на поранешниот сопруг
Манекенката Емили Ратајковски на социјалната мрежа Инстаграм објавила видео и фотографија на која е топлес.
Имено, атрактивната бринeте е позната по фактот што често споделува голи фотографии со своите следбеници на споменатата социјална мрежа, како и фотографии на кои позира во бикини и гордо ја истакнува својата совршена фигура на тело.
Овојпат Емили одлучила да го покаже својот тенок струк, рамен стомак и фит фигура и тоа во црна долна облека и длабоки кремасти чизми.
Ниту нејзините следбеници очигледно не останале имуни на оваа фотографија, па многу од нив ѝ напишале дека е навистина прекрасна.
„Прекрасна“, „Какво тело“, „Изгледаш навистина преубаво“, биле само дел од коментарите.
Да ве потсетиме, Емили Ратајковски и бизнисменот Себастијан Бер-Меклард неодамна го завршиле својот четиригодишен брак, а странските медиуми шпекулираат дека причината за нивната разделба е неверство. Тие двајца имаат и 18-месечен син Силвестер Аполо.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа