Разоткриена огромна измама со биодизел: Уапсени двајца во Европа
Европското јавно обвинителство (EPPO) уапси двајца осомничени за сложена царинска измама со увоз на биодизел, со што се оштетени финансиите на Европската Унија за повеќе од 60 милиони евра.
Осомничените, биле во притвор во Белгија од мај годинава, неодамна ги екстрадирале во Холандија, каде што им е одреден истражен притвор. Тие се сомничат дека увезувале биодизел од САД во ЕУ, лажно прикажувајќи го неговото потекло.
Според истрагата, тие организирале криминални шеми. Во една, американскиот биодизел го прикажувале како произведен во Мароко, а во друга, како биодизел од искористено масло за јадење од Босна и Херцеговина.
Всушност, станувало збор за поевтин биодизел од соја (SME), со што се избегнувале антидампинг давачките на ЕУ.
Истрагата, која започнала по пријава од Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), ја водат холандските финансиски власти. Штетата само во Холандија се проценува на 49 милиони евра, а истрагата во Белгија е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа