Реал Мадрид го освои европскиот Суперкуп (ВИДЕО)

Шпанскиот шампион Реал Мадрид вечерва славеше со 2-0 против Ајнтрахт Франкфурт и го освои европскиот Суперкуп.

„Кралевите“ го постигнаа првиот гол преку Давид Алаба во 37. минута од натпреварот, додека победата ја потврди Карим Бензема во второто полувреме.

Ова за шпанскиот гигант е петти трофеј во елитното натпреварување во кое се соочуваат освојувачот на Лигата на шампиони и Лигата на Европа.

10.08.2022 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега