Ребел Вилсон заврши со конци на лицето по несреќата среде снимање филм

 

На актерката Ребел Вилсон морало да ѝ стават конци на лицето по неусшно изведување акробации во текот на снимање на филмот „Невестата Хард“ (Bride Hard).

43-годишната актерка се здоби со повреди на лицето додека снимала снимала смела сцена во Савана, Џорџија, минатата недела.

Ребел сподели фотографија на Инстаграм-стори на која се гледа нејзиното лице во рани. Таа откри детали од незгодата.

„Ова не е начинот на кој сакав да го завршам филмот. Три конци и една ноќ во болница по акробација во четири часот наутро,“ напиша актерката со фотографија на која се гледа повредата.

Во „Невеста Хард“, таа глуми опасна тајна агентка Сем, која добива задача – една од нејзините најтешки мисии досега – да ѝ биде деверуша на својата најдобра пријателка од детството.

07.08.2023 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега