Регулаторна одлучи: Од полноќ поевтин дизел

Без некои значителни промени во цените ќе се точат нафтените деривати на бензинските пумпи низ Македонија. Цените на бензините не се менуваат, додека дизелот од полноќ ќе биде поевтин за половина денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00
ден/лит и ќе изнесува 75,50 ден/лит – се вели во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,158% или за 1,250 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,807% или за 6,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 1,158% или за 9,250 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,035% или за 5,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,1605 ден/$ и е за околу 0,562% понизок од курсот на доларот (57,4835 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната
пресметка.

Повеќе детали за движењето на цените во малопродажба но и на светските берзи ќе најдете тука

20.11.2023 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега