Решението е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовски затвори, порача Курти

 

Припадниците на специјалната полиција нема да се повлечат од општинските згради на северот на Косово, изјави косовскиот премиер, Албин Курти.

Тој додаде дека решението за кризата во северно Косово е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовските затвори.

Курти, кој пристигна во Братислава, иако ден претходно изјави дека го откажал учеството на форумот во Словачка, истакна дека додека разгневената толпа е на улиците, се заканува со напад, специјалните сили мора да бидат во општински згради.

„Нашата полиција работи многу професионална работа, тие се обучени од САД и ЕУ, тие се западно ориентирани и добро ги познаваат човековите права и нема никакви прекршувања од нашата полиција“, рече Курти.

Тој изјави дека се сретнал со Борел и Лајчак.

„Им кажав дека ќе имав разбирање ако ова беше мирен протест, но не и за толпа што пука и вика „убиј, убиј. Нема да ја предадеме нашата република на оваа фашистичка толпа“, рече Курти, пренесува Косово онлајн.

31.05.2023 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега