Ретрограден Јупитер од 28 јули: Три знаци ги очекуваат промени
Ретроградноста на Јупитер најмногу ќе влијае на три хороскопски знаци. Ретроградноста почнува во Овен, а Јупитер на крајот ќе се врати во својот традиционален знак Риби, давајќи ни уште неколку месеци од магијата што ја почувствувавме претходно годинава.
Влијанието на Јупитер генерално е позитивно, а ретроградноста може да ја олесни идентификацијата на тоа што го немаме. Ова ни помага да бидеме повеќе практични, а потоа да продолжиме понатаму.
Сега не е време за грижа, дајте сѐ од себе и бидете доволно храбри за да се соочите со предизвиците на кои ќе наидувате до 23 ноември. Јупитер е планета на среќа и изобилие, така што за разлика од останатите ретроградни планети, неговите ефекти обично не се проблематични.
Бик
Не сакате промени, туку константност. Но, сега ќе мора да поработите на тоа. Се очекуваат промени во љубовните односи, како и во меѓучовечките. Бидете подготвени на сѐ.
Стрелец
Ќе почувствувате забавување во кариерата, во семејниот живот и општо во секојдневието. Јупитер, вашата планета, ќе направи секој ваш чекор да изгледа тежок и предизвикувачки.
Скорпија
Старите вистини ќе излезат на виделина. Ако сте загрижени да не бидете откриени, време е за исповед. Јупитер сака драма, па веста и нема да биде вест ако е претходно кажана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа