Револуционерно откритие: Терапија со алги делумно го враќа видот кај слепите
Видот на целосно слеп човек, кој е лекуван со посебна терапија наречена “оптогенетика“, делумно е вратен со примена на протеини чувствителни на светлина, кои за прв пат се откриени во алгите.
Човекот, чиј идентитет не е откриен, живее во Бретања, Франција, и се лекувал во Париз, а за овој вид на терапија првпат сфатил дека делува кога можел да ги види обоените ленти на пешачкиот премин, пренесува Би-Би-Си .
Пред 40 години му бил дијагностициран „пигментозни ретинитис“, што доведува до угинување на клетките чувствителни на светлина на површината на мрежницата.
Оваа болест ги погодува повеќе од два милиони луѓе ширум светот, и иако целосното слепило е ретко, човекот не гледал воопшто во последните две децении.
Оптогенетиката, која е новина во медицината, користи светлина за прецизно контролирање на активноста на мозочните клетки, а научниците ја користат за да ја вратат способноста на едното око да детектира светлина.
Техниката се базира на протеини, произведени во алги, кои го менуваат нивното однесување како одговор на светлината.
Првиот чекор во третманот беше генетска терапија, а генетските упатства за правење родопсин беа земени од алги и им беа дадени на клетките во длабоките преживеани слоеви на мрежницата на задниот дел од окото.
Потребни беа месеци за да се акумулира доволно високо ниво на родопсин во окото и мозокот во суштина да научи нов јазик за да може повторно да гледа.
Д-р Хозе-Алан Сахел, од Институтот за вид, во Париз, вели дека овој пациент на почетокот бил малку фрустриран затоа што траело многу време помеѓу инјекцијата и моментот кога започнал да гледа нешто. Во моментот кога човекот ги видел патеките на пешачкиот премин, сите биле возбудени. Човекот нема совршен вид, но разликата помеѓу отсуството на вид, па дури и ограничениот вид може да ги промени животите на слепите лица.
Професорот Ботонд Роска, од Универзитетот во Базел, рече дека наодите се доказ дека е можна употреба на оптогенетска терапија за делумно враќање на видот.
Експертите истакнуваат дека оваа нова технологија може да им помогне на луѓето чиј вид е сериозно нарушен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа