Ријана откри дека е во третото тримесечје
Ријана неодамна искрено разговараше за својата бременост додека ја лансира сопствената линија производи „Фенти бјути“ во „УЛТА бјути“.
Во текот на настанот 34-годишната поп-ѕвезда изјави за „Ел“: „Се будам наутро и првата мисла ми е – мора ли да се облечам?“
„Сè е предизвик, од тоа што да облечете и како ќе се шминкате. Но, јас сакам предизвици“.
Ријана, која го чека своето прво дете со партнерот АСАП Роки, додаде: „Постои труднички сјај. А ги има и оние денови“.
Таа објасни: „Лицето станува малку заоблено. Носот почнува да се шири. Сè е предизвик, од облекувањето и начинот на кој ќе се шминкате. Но, сакам предизвици“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа