Ристовски: Димевски работи против спортот , јас се борам да нема криминал во спортот
Ракометарот Борко Ристовски го обвини претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски за работење против спортот, тврдејќи дека тој се бори за исчезнување на криминалот во спортот.
„Тој работи против спортот, јас се борам да нема криминал во спортот. Првата лага, во старт да му ја демантирам, е дека тој рече оти сум настапувал во емисија како претседател на Комисија за спорт, што апсолутно не е точно. Имате и потврда од Алфа ТВ на која што пишува „на 02.03.2023 година, во емисијата „За или против“ гостуваше Борко Ристовски кој беше повикан во својство на врвен спортист, што беше потенцирано и во најавата и неколку пати во текот на емисијата“. Јас таму настапував во име на Борко Ристовски, како што настапувам и сега во име на Борко Ристовски, во име на спортист кој настапувал во преку 200 натпревари за Македонија, и како спортист кој има преку 15 години интернационална кариера“, му посочи Ристовски на Димевски
Исто така Ристовски истакна, дека се што Даниел Димевски изјавил е свесен дека нема никаква правна тежина и порача дека со неговата Дисциплинска комисија може да си носат какви сакаат дисциплински мерки или поведенија.
Одлуката на Дисциплинската комисија за Борко Ристовски гласеше „забрана за вршење на работа во олимписки спорт во период од четири години“, без попрецизни објаснувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа