Ристовски: Не знам дали ќе продолжам да бранам, ќе одлучам заедно со семејството
Искусниот македонски голман Борко Ристовски сè уште нема донесено одлука за својата иднина. На гостувањето на ТВ Телма, членот на Вардар и поранешен репрезентативец изјави дека за своите идни чекори околку играчката кариера ќе решава заедно со семејството и моментално не знае дели и следната сезона ќе биде меѓу ракометните стативи или ќе замина во играчка пензија.
„Не знам дали ќе продолжам да играм и следната сезона. За да ја донесам таа одлука морам прво да се консултирам со моето семејство, со мојата сопруга и заеднички да ги одбереме приоритетите. Јас сум татко на две малолетни деца, кои ми се повеќе од сè на светот. Ќе одлучиме понатаму“, рече Борко Ристовски за ТВ Телма.
Поранешниот репрезентативец на Македонија последните две сезони е дел од шампионот Вардар, а краток период оваа сезона ги бранеше и боите на Лемго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа