РКЕ одлучи: Паѓа цената на горивата - почекајте до полноќ за да го наполните резервоарот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 % во однос на одлуката од 19.8.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 4,611 %, кај дизелот 3,788 %, кај екстра-лесното масло 4,448 % и кај мазутот има намалување од 1,779 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,8070 %.
Од 24.8.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 -79,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 46,295 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, на ЕВРОДИЗЕЛОт (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 2,00 денара/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС не се менува.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 24.8.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа