Родители внимавајте: Дете се бори за живот откако испробало нов „предизвик“ на Тик- Ток

 

Елис Трип, 11- годишн момче од Велика Британија е во сериозна состојба и се бори за живот во болницата - откако проба нов предизвик кој го покрена социјалната мрежа Тик-Ток.

„Задачата е да поставите две метални топчиња на јазикот и под него и да се преправате дека имате пирс, но работоте за ова момче тргнале лошо кога случајно ги проголтало двете метални топчиња.

Цела недела се чувствувал лошо, а потоа завршил и во болница.

Лекарите најпво помислиле дека му пукнало слепото црво, но набргу се шокирале откако сфатиле дека се работи за магнетни топчиеа кои се залепиле на хируршката опрема.

Тој бил пренесен во болница во Бирмингем, каде што беше подложен на две операции во кои биле отстранети 12,5 сантиметри од цревата.

Според „Дејли меил“, лекарите рекле дека Елис е веќе петтото дете што е хоспитализирано во последната недела поради овој предизвик.

Мајката Ејми Кларк рече дека не знае од каде доаѓаат топките на нејзиниот син, бидејќи ги немале дома, но и идејата да го испроба предизвикот кога тој воопшто нема профил на ТикТок.

Лекарите, но и мајката на Ејми, ги предупредуваат родителите и наставниците да проверат што прават на интернет.

25.05.2021 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега