Родители во агонија, не ја знаат состојбата на своите деца: „Му ѕвонам на моето дете, но никој не ми се јавува“

Досега официјално се прогласени 38 за мртви по железничката несреќа во Грција. Нивната агонија ја доживуваат и роднините на патниците, особено оние кои се уште не знаат дали нивните најблиски ја преживеале тешката несреќа кај Лариса, бидејќи се уште има исчезнати.

Една видно вознемирена мајка им рекла на новинарите дека му се јавува на своето дете, а тој не ѝ одговара. Како што рече, засега не добива информации од никого.

Според грчките медиуми, најголем дел од патниците во патничкиот воз кој се судрил со товарниот воз биле студенти.

Панајотис Стафилас, кој се наоѓал во кобниот воз, го опиша своето застрашувачко искуство: „Случајно се најдов во вагонот 5, додека на мојот билет пишуваше вагонот 2. Во моментот на несреќата спиев, неколку секунди пред сударот нешто ми засмета и се разбудив. И одеднаш сфаќам дека нагло сме запреле и дека лицето на еден патник е крваво“.

На прашањето дали имало кочење, патникот објаснил дека тоа е симулирано сопирање и дека нема постепено намалување на брзината.

01.03.2023 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа