Рокас за Планот за раст на ЗБ: Првата транша за Македонија до крајот на годинава

 

Планот за раст на Западен Балкан е солиден и силен проект, и првата транша за земјава убеден сум дека ќе биде исплатена на земјава пред крајот на годината, вели во интервју за МИА амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Михалис Рокас.

-Верувам дека реформската агенда, Планот за раст, е уникатна можност за земјите од Западен Балкан не само затоа што им овозможува да се постепено интегрираат во ЕУ и внатрешниот пазар, тоа исто така ја покажува заложбата за проширување како и да се забрза процесот на пристапување, но и тоа дека е потребен просперитет, бидејќи голем дел од просперитетот во ЕУ се базира на внатрешниот пазар, успехот на ЕУ-правилата, потенцира Рокас. 

Изрази уверување дека земјите во Западен Балкан забрзано ќе работат на воспоставување нивен регионален пазар, кој што, спред него, ќе ги олесни работите значително. 

-Механизмот овозможува флексибилност за Владата. Знаете, разликата меѓу ИПА-механизмите и Планот за раст е во тоа што механизмите на ИПА се за секторите, додека парите ќе може да се искористат согласно приоритетите на владата. Но, постепената интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ сметам дека е без преседан и е резултат на искреноста и приоритетот на ЕУ за проширување во време кога геополитиката се соочува со огромни предизвици. Цврсто веруваме дека одговорот е да имаме едно европско семејство, во кое секако ќе биде вклучен и Балканот, нагласи Рокас во интервјуто за МИА.

13.10.2024 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега