Романски заговор: Шест лица сакале да ја извлечат Романија од НАТО, полицијата ги приведе

 


Романските власти приведоа шест лица обвинети поради формирање организирана криминална група и предавство.

 

Според властите, тие формирале организација од воен тип и преговарале со руски агенти за повлекување на Романија од НАТО.

Романски медиуми јавија дека доказите во случајот покажале дека од 2023 година петмината обвинети формирале организирана криминална група со цел да го нарушат суверенитетот и независноста на романската држава преку поткопување на политичкиот и одбранбен капацитет на земјата.

Од 2024 година, уште еден обвинет се приклучил на организираната криминална група, при што сите членови спроведуваат континуирани, свесни, јавни или конспиративни дејствија насочени кон постигнување на предложената цел, се вели во соопштението на обвинителот на Управата за истрага на организиран криминал и тероризам.

06.03.2025 - 11:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега