Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска најави дека ќе се кандидира за нов шеф на НАТО кој ќе го замени Швеѓанецот Јенс Столтенберг на чело на таа организација.
Засега фаворит за нов генерален секретар на Алијансата е холандскиот премиер Марк Руте.
„Одлучив да се кандидирам за функцијата генерален секретар“, рече Јоханис во краткиот говор, нагласувајќи го своето искуство како претседател на Романија, источноевропска земја која е на чело на Атлантската алијанса од почетокот на руската инвазија на Украина.
Тој рече дека е време Романија, членка на НАТО од 2004 година, да преземе уште поголеми одговорности со оглед на сегашниот безбедносен контекст.
Јоханис (64) рече дека ова е „легитимна аспирација“ на неговата земја, која поминала низ „длабоки трансформации“ и може да придонесе за обликување на нова визија, против „сериозната и постојана руска закана“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа