Русија е подготвена за меморандум со Украина и примирје, пишуваат руските медиуми
Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, кој траеше повеќе од два часа, сега е завршен, објавија руските државни медиуми. Рускиот претседател го опиша разговорот како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесува РИА Новости.
Путин,му се заблагодарил на Трамп за неговата улога во повторното започнување на директните преговори меѓу Москва и Киев.
Според државните медиуми, Москва изразила подготвеност да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот. Путин, наводно, изјавил дека тие „генерално се на вистинскиот пат“, но повтори дека двете страни ќе мора да се согласат на компромиси.
„Примирјето во Украина на одреден временски период е возможно доколку се постигнат соодветни договори“, рекол рускиот претседател Владимир Путин.
Тасс пренесува дека Путин рекол дека Русија е подготвена да работи со Киев на меморандум за идниот мировен договор.
Тасс, исто така, пренесува дека Доналд Трамп за време на разговорот рекол дека Русија поддржува мирно решение на конфликтот.
Според извештајот на агенцијата IFX, Путин рекол дека „треба да се отстранат основните причини за конфликтот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа