Руска авиокомпанија најде начин да се справи со патниците кои одбиваат да носат заштитна маска за време на летот
Руската авиокомпанија Аерофлот денес објави дека ќе дизајнира посебна зона во своите авиони за патниците кои одбиваат да стават заштитни маски на нивните лица.
- Одредени места се наменети за патници кои изјавуваат дека одбиваат да користат маски откако ќе се затвори вратата од авионот - изјави портпаролката на Аерофлот, Јулија Спивакова, пренесува Танјуг.
Таа додаде дека тоа е општа практика низ целиот свет и неопходна мерка, пренесува Ројтерс.
Аерофлот вчера објави дека патниците ќе можат да се качат на летот само доколку носат маска што целосно ги покрива носот и устата.
Во Русија, од почетокот на пандемијата, биле заразени 2,7 милиони луѓе, а скоро 48 000 починале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа