Руски доктор откри неколку правила: Што треба да направите доколку некој од вашето семејство е заразен со коронавирус

 

Од почетокот на епидемијата, познато е дека коронавирусот се пренесува преку капки, што ја отежнува ситуацијата за оние кои живеат со лице кое е заразено. Првото нешто за што треба да се подготви целото семејство е да помине најмалку две недели во затворен простор со заразениот.

Добрата вест е дека во овој случај, инфекцијата може да се избегне.

Рускиот научник и имунолог, член на Руската академија на науките Валери Черешнев откри неколку правила со кои се намалуваат шансите за зараза на здравата личност која живее со носител на инфекцијата, пренесува руската новинска агенција РИА.

1. За болното лице треба да се одвои посебна зона за спиење.

„Може да се случи да кивне во сон и на тој начин ќе го распрска вирусот“, вели научникот.

2. Пациентот треба да користи посебни прибор. Треба да се измие со посебен сунѓер и да се чува одделно од останатите садови.

3. Пациентот треба да се воздржи од кивање и кашлање во присуство на други членови на домаќинството. Откако заразеното лице ќе кивне или кашла, потребно е да се дезинфицираат околните области со цел да се спречи ширењето на вирусот.

4. Редовна дезинфекција и миење се исто така важни. Површините треба да се третираат со антибактериски агенси.

5. Најважната точка е носење маска, а тоа се однесува на заразениот и на здравите членови на семејството. Најмногу ќе помогне да се намали ризикот од инфекција и ширење на вирусот во затворени простории.

6. Ако има деца во семејството, најдобро е да ги одделите и да ги преместите на друго место.

„Децата се пасивни носители на инфекцијата“, објасни имунологот.

7. Целото семејство мора да биде во изолација, тоа е задолжително.

„Сите членови на семејството мора да останат дома пред да добијат негативни тестови за коронавирусот, за да не се пренесе инфекцијата на уште поголем круг на луѓе“, заклучи Черешнев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега