САД: Иран веднаш да го ослободи запленетиот танкер
САД денеска го повикаа Иран веднаш да го ослободи запленетиот танкер со нафта.
Иранската морнарица денеска потврди дека запленила танкер со нафта во Оманскиот Залив, кој своевремено беше во центарот на големата криза меѓу Техеран и Вашингтон.
Бродот порано се викал „Суез Рајан“ и беше вмешан во едногодишен спор што доведе до тоа американското Министерство за правда да заплени милион барели иранска сурова нафта од него.
– Иранската влада мора веднаш да го ослободи бродот и неговиот екипаж, изјави за новинарите заменик-портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.
Тој рече дека „нелегалната“ заплена „ја нарушува меѓународната трговија“.
Техеран соопшти тоа е одмазда за „кражбата“ на иранската нафта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа