САД ќе се вклучат во кревање на блокадата од Бугарија

САД ќе се вклучат во разговорите за надминување на европскиот ќорсокак за старт на преговорите со Македонија, по блокадата од Бугарија. Ова денеска го потврди американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, откако новиот американски заменик-помошник државен секретар за Европа, Габриел Ескобар, пред неколку дена изјави дека постојат компромисни решенија за решавање на спорот и оти Вашингтон ќе притиска тоа да се случи.

-Продолжуваме да разговараме со сите партнери, имаме разговор со Владата овде во Скопје, разговори со седните земји и низ цела Европа да се погрижиме да направиме сѐ што можеме за да го поддржиме движењето на процесот напред. Немам конкретна најава во овој момент, освен да потврдам дека САД ќе се вклучат во ова прашање и во разговорите затоа што ситеја делиме истата визија Северна Македонија да го заземе заслуженото место во Европа и Во ЕУ и се надеваме дека тоа ќе биде бргу, рече Брнс.

 

24.09.2021 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега