САД со рекордна продажба на оружје во износ од 238 милијарди долари
Во директна продажба Владата на САД продала оружје во вредност од 81 милијарда долари.
Останатиот износ се должи на директна продажбата на американски воени компании на странски земји.
Полска е меѓу најголемите купувачи на американско оружје.
Земјата купила хеликоптери Апачи за 12 милијарди долари и платила 10 милијарди долари за ракетни системи со голема подвижност (Химарс) и 3,75 милијарди долари за тенкови М1А1 Абрамс, се наведува во фискалниот извештај на американската влада. Полска исто така потрошила четири милијарди долари за интегрирани командни системи за воздушна и противракетна одбрана.
Германија потрошила 8,5 милијарди долари за хеликоптери Чинук, Бугарија платила 1,5 милијарди долари за оклопни возила „Страјкер“, Норвешка купила хеликоптери за повеќе мисии во вредност од една милијарда долари, а Чешка купила авиони Ф-35 и муниција во вредност од 5,6 милијарди долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа