Сакаше да се направи паметна, па си доби казна- не само со парична туку и со депортација (ВИДЕО)
На двајца инфлуенсери, Џош Палер Лин и Лија Си, им биле одземени пасошите откако при посетата на Бали се снимале во супермаркет со нацртани заштитни маски на лицето, обидувајќи се да ги измамат персоналот и другите купувачи.
На видеото кое веднаш го избришале од своите профили се гледа како Лија се шета помеѓу рафтовите на супермаркетот. Џош кој ѝ правел друштво, ѝ нацртал маска на лицето за да делува како да носи хируршка заштитна маска. Меѓутоа, наместо лајкови, пристигнале бројни осуди од нивните следбеници, а потоа и од властите на Бали, пренесува „Unilad“.
Откако видеото станало вирално, индонезиската полиција потврдила дека им биле одземени пасошите и властите размислуваат за нивна депортација. Џош е идентификуван како тајвански државјанин додека Лија е Русинка.
„Тие не само што ги кршат мерките, туку и намерно провоцираат во јавност, па е исправно што построго да се санкционираат, не само со парична казна туку и со депортација“, изјавил шефот на полициската управа на Бали.
Откако нивните постапки излегоа на виделина, инфлуенсерите снимиле видео во кое заедно со правен тим се извинуваат и објаснуваат дека снимката е направена за забава.
„Не сфатив дека она што го направив може да предизвика волкави проблеми. Уште еднаш сакаме да се извиниме за она што го направивиме и ветуваме дека нема да се повтори“, изјавил Џош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа