Санкционирани 175 возачи во Скопје, 32 за управување под дејство на алкохол

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење и шест мерки за некористење сигурносен појас“ - известуваат од МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

12.02.2024 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега