СЦМ го објави меѓународниот конкурс за стрип - Велес 2023

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА СТРИП.

Според пропозициите:

- Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;

- Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички.НАПОМЕНА: Доколку стрипот е во боја, препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.

- Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.

- Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

- Учесниците кои што се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта заради раширување на информацијата, организирано пријавување како и избор на тема за цртање.

- На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш...)

- Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.

- Стриповите од македонски автори треба да бидат на македонски јазик и кирилско писмо.

- Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на

изложбата на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција.

- Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:

• Прва награда, 300 ЕУР - ''Златен стрип'',изданија и диплома за прво место.

• Втора награда ''Сребрен стрип'' и диплома за второ место.

• Трета награда,''Бронзен стрип'' и диплома за трето место.

• Награда за најдобро сценарио, диплома.

• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.

• Други специјални награди.

Рокот за испраќање е до 10.08.2023 година.

Тие може да се испратат на

a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)

Ул. Васил Ѓоргов, бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија

б) Или преку Е-маил :stripkonkurs@gmail.com

За повеќе информации заинтересираните може да се јават на  горенаведениот емаил и на веб страната www.stripcentar.mk .

 

13.03.2023 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега