СДСМ бара оставка од Тошковски: Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку и во продавниците

 


Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за бела техника, во градскиот парк, велат од СДСМ и додаваат дека додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво.

„Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски. Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште. Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола  над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба. Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства. Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ. Тошковски е најнеспособниот миистер во историјата и треба да си поднесе оставка“, се вели во реакцијата на СДСМ.

30.11.2024 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега