СДСМ: Дебакл на Мицкоски, не додржа и призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело

Христијан Мицкоски денеска случајно или не призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, е негово дело и по негова инструкција, реагира владејачката СДСМ.

-Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија. И Комисијата и владата ги демантираа лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата, но тоа не го спречува Мицкоски во неговите деструкции. Одамна е прочитано ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа повторно ќе биде казнет од граѓаните, се вели во реакцијата.

 

22.10.2021 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега