СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините за партиски вработувања

 

Наместо проекти, решенија за развој, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат и уназадуваат општините со кои раководат, велат од СДСМ.

„Во време на светската економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поевтина струја за јавните комунални претпријатија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги поскапеа услугите за граѓаните.

Охрид и Прилеп беа првите општини што ги зголемија цените на комуналните услуги, а комуналните претпријатија од овие општини сега имаат милионски долгови.

Општина Охрид има долг од шест милиони евра, додека долгот на општина Прилеп е близу два милиони евра. Над 1,1 милион евра должи општина Ѓорче Петров, а општина Василево должи над 1,5 милиони евра.

Тоа е така затоа што во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ се случува масовна партизација а едно јавно претпријатије во општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ дури две третини од својот буџет троши за привремени вработувања.

Град Скопје е посебна приказна, поради неспосбноста на ВМРО-ДПМНЕ Градот има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот.

Поради инаетот и каприците на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ изгуби грант од 70 милиони евра и дополнително плаќа годишни пенали.

Ете како ВМРО-ДПМНЕ се однесува кон народните пари и довербата што ја доби од граѓаните, градоначалниците на Мицкоски направија пустош од општините за само една и пол година од мандатот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

28.05.2023 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега