СДСМ: Мицкоски повторно коленичи пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители


Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа расправа за овој закон во рок од 24 часа, обврската е на Африм Гаши да го направи тоа, велат од СДСМ.
 
„Како што Гаши ја закажа за денеска седницата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со задолжувањето од унгарската банка, исто така треба да ја закаже и седницата на оваа комисија. 
 
Дали Мицкоски повторно ќе коленичи и замолчи пред Гаши за игнорирање на Деловникот заради политички причини? Ќе извисат ли бранителите заради спас на Гаши и желбите на ВЛЕН?
 
Ако Мицкоски вели дека треба дава недвосмислена поддршка за бранителите, еве му можност тоа да го докаже. Нека му се јави на Гаши да го стави Законот на комисиска расправа“, велат од СДСМ.
13.09.2024 - 16:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега