СДСМ: Мицкоски сака да го партизира судството
Христијан Мицкоски додека зборува за инсталации веќе се обидува длабоко да влезе во партизација на судството, велат од СДСМ.
„Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член на Советот на јавни обвинители.
Ова ли е реформата која ја најавува? Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го правеше порано и сака да го прави и сега.
Вистинска реформа не подразбира партиско назначување на кадри како што тоа го прави Мицкоски туку судство ослободено од прангите на неговата партија.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа