СДСМ: Мицкоски со часовници од 60.000 евра не разбира дека граѓаните немаат за леб
Минималната синдикална кошничка којашто ја пресметува Синдикатот е пресметана сума на пари која го одразува минимумот за достоинствен живот на едно четиричлено семејство. Ова денеска го велат СДСМ преку соопштение, кое ви го пренесуваме во целост.
Премиерот со лукзусни саати од 60.000 евра и лукзузна гардероба од неколку илјади евра тоа не може да го разбере.
Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна, леб, месо, млеко, за сметки и основни потреби.
Во македонските семејства каде што двајцата родители примаат минимални плати, макотрпната работа е неопходна само за да се покријат основните месечни трошоци а парите не им стигнуваат.
Додека цените постојано растат, владата не презема ништо за да им помогне. Овие семејства немаат луксуз да купуваат часовници од 60.000 евра како Мицкоски – тие едвај врзуваат крај со крај за да преживеат.
Владата има обврска да им обезбеди услови за достоинствен живот, а не да ги убедува дека не треба да бараат повисоки плати.
Затоа, минималната плата мора да се зголеми и не смее да биде под 500 евра, како основен праг што ќе им овозможи на граѓаните да ги покријат своите основни потреби и да не живеат во сиромаштија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа