СДСМ најави дека од денес ја објавува вистината за Кочани: „Јавноста ќе дознае кого кријат и како ги заштитија блиските луѓе на Тошковски и Мицкоски“
СДСМ најави дека од денес ја објавува вистината за Кочани: „Јавноста ќе дознае кого кријат и како ги заштитија блиските луѓе на Тошковски и Мицкоски“
СДСМ најави дека од денеска „ја објавуваат вистината за Кочани“. Според најавите од опозициската партија, во серија прес-конференции ќе ги објават сите факти и докази за тоа „како Обвинителството и власта ги заштитија актуелниот функционери“.
-Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат. Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема, велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа