СДСМ: Неисправните ер трактори и полициските хеликоптери се резултат на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ


Навистина е голема среќа што заврна дожд и што ќе ги изгасне пожарите. Инаку моменталната ситуација е катастрофална, велат од СДСМ.
 
„Два од трите ер-трактори не се исправни а во исто време и два полициски хеликоптери кои се опремени за гаснење на пожари се во дефект.
 
СДСМ остро ја осудува оваа катастрофална ситуација која е резултат на негрижата и неспособност на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 
 
Повторно ли е СДСМ крив што не ги сервисирале ертракторите и хеликоптерите на време?
 
Ова не е случаен пропуст, туку јасен показател за односот кон кризата со пожарите на ВМРО-ДПМНЕ. 
 
Изгореа преку 8% од територијата на државата а ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на лаги, манипулации и политикантство наместо сериозно да се бори со кризата и да работи“, стои во соопштението на СДСМ.
10.09.2024 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега