СДСМ: Скандал „кумска врска“, тендер за кумашинот на градоначалникот на Штип

 

„Општина Штип, раководена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумска врска за тендер на ЈП Исар. Тендер вреден 20.000 евра е доделен од ЈП Исар на фирма на чии сопственици се во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар, Методи Јорданов, поточно нивни зет“, соопшти СДСМ.

„Дополнително освен што е во роднинска врска со сопствениците на фирмата Методи е кумашин токму на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Оваа кумска врска во општина Штип е уште една во низата скандали на градоначалникот Јорданов, по скандалот со Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова и нејзината дивоградба, скандалот со јавна набавка во детската градинка “Астибо”, скандалот со проневера на нафта во којшто бил вмешан близок човек на Иван Јорданов.

Тендери од илјадници евра завршуваат кај сопартијци и роднини на градоначалникот Јорданов“, се додава во соопштението на СДСМ.

17.11.2023 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега