СДСМ: Скандалот „фамилијарни патувања“ се проширува, дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашнгтон?

Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон. И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок, велат од СДСМ.
 
„МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се исетараат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други.
 
СДСМ бара Тимчо Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД. Ако како што вели немало што да се крие, зошто не објавува и ја затвори оваа тема еднаш засекогаш?
 
Бараме Мицкоски конечно да ги покаже приватните сметки кои тврди дека ги платил од џеб за синот. И тој се крие веќе трети ден и ништо не кажува на темата а граѓаните чекаат одговори.
 
Ова ли се луѓето кои обвинуваат за душманско трошење на парите од буџетот? Ова ли се луѓето кои ветуваа транспарентност и отчетност? Се кријат и молчат и со тоа јасно докажуваат дека се криви. СДСМ располага со уште скандали од ова патување кои ќе ги објавиме наскоро“, стои во соопштението на СДСМ.
17.07.2024 - 16:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега