СДСМ: Со петтиот пакет помош ќе им се помогне на занаетчиите и самостојните вршители на дејност

Од владеачката СДСМ велат дека со петтиот пакет мерки им се помага на занаетчиите и самостојните вршители на дејност, и се гради стабилна и развојна економија.

„Во тек е реализација на петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра насочен кон спасување на работни места, поддршка за домашните компании и подобрување на ликвидноста на стопанството“, стои во соопштението од СДСМ.

Објаснуваат дека на регистрираните занаетчии им се овозможува решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година споредбено со решенијата од 2020 година.

Преку мерката 6 од овој пакет, додаваат од партијата се обезбедува финансиска поткрепа за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на плаќање на данок на личен доход до 30 јуни 2021 година.

„Вредноста за оваа мерка е 15 милиони денари, а таргет група се самостојните вршители на дејност кои согласно Законот за данок на личен доход беа ослободени од плаќање на аконтации до 31 март 2021“, велат од СДСМ.

Од таму укажуваат дека и во индина ќе продолжат со нови мерки и политики што ќе носат дополнителни можности за рестарт на македонската економија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа