СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари и треба да понесат одговорност
Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната билошка терапија. Десет дена овие пацинети чии живот е загрозен, се оставени во незивесност. Оправдано е нивното стравување дека ваков недостиг на билошка терапија нема да случи и во иднина, обвинува опозициската СДСМ.
Според партијата, пациентите не само со недостиг од биолошка терапија, се соочуваат и со недостиг на здравствен кадар и елементарни услови за лекување.
-Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови. Пациентите не само со недостиг на биолока терапија, се соочуваат со недостиг на здравствен кадар и елементарни услови за лекување. Не е преземено ништо за да се заштитат пациентите, а доказ за ваквата негрижа е недостигот на соодветен план, функционален систем и регистар на пациенти, ненавремената набавка на лекови. Животите на луѓето се загрозени поради неспособност на власта. Ветуваа реформи и современ здравствен систем. За седум месеци направија хаос. Вината за хаосот на Онкологија е кај директорот на Онкологија, Стојковски, кај директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски и кај министерот Таравари и треба да понесат одговорност, се вели во дописот од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа